Македонија
27. November 2021 - 16:34

Пандемијата го зголеми бројот на жртви на семејно насилство во струмичко

Семејното насилство на југоистокот од државата бележи пораст. Податоците од невладината организација „Скај плус“ покажува дека на годишно ниво институциите регистрираат по околу 200 такви случаи. Најголемиот дел од жртвите се жени кои освен психичкото трпат и физичко насилство. За да ја подигнат свеста кај граѓаните, но и да ги мотивираат жртвите да ги пријават насилниците,  волонтерите од „Скај плус“ спроведоа кампања преку која порачаа дека никој не смее да трпи насилство и мора да се побара помош.

Дека семејното насилство е присутно потврдуваат и од шелтер центарот во Струмица. За две околу две години колку што постои кај нив биле згрижени над 40 жртви на семејно насилство, најголемиот дел од нив мајки со мали деца.

Независно од шелтер центарот, во Струмица наскоро ќе биде отворено и специјализирано советувалиште за бесплатни услуги за жени и деца, жртви на семејно и родово базирано насилство.