Пандемијата предизвика драстичен пад на емисиите на штетни гасови
Поради рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19 забележан е најголем пад на емисиите на штетни гасови, кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, во првата половина од годината, соопштија научниците од пекиншкиот Универзитет Цинхуа.
Тие тврдат дека е забележан многу поголем пад на мисиите на штетни гасови од времето за финансиската криза во 2008 година, дури падот е поголем и од време на Втора светска војна.
Според податоците во кои е вклучено часовите на производство на електрична енергија, сообраќајот во повеќе од 400 градови во светот, секојдневните летови и месечните податоци за производство, научниците утврдиле дека за 8,8 отсто на годишно ниво се намалени емисиите на штетни гасови , што е најголем процент во историјата.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи