Македонија
16. August 2020 - 15:20

Пановски: Учебната година требаше да почне на 15-ти август

„Не разбирам зошто и второ и трето одделение во училиште, ај за првачињата разбирам. Требаше и средношколците кои се прва година да ги посетат училиштата“, вели во разговор за Сител микробиологот Никола Пановски.

Според него учебната година требало да почне на 15ти август и два месеци децата да имаат настава надвор и со отворени прозорци.

Веќе на почеток на ноември кога ќе почне грејната сезона и загадувањето сите ќе седат во затворени простории. Ако сега кога се на отворено децата и едно заразено дете може да зарази уште едно со многу близок контакт, во затворени простории ќе биде едно да зарази десет, вели Пановски.

Ако не се почитуваат мерките и продолжат групирања по домови и подрумски простории, тогаш освен превентивни мерки ќе има и рестрикции како ограничување на движењето во ноќните часови.

Повеќе во разговорот со Пановски во 16 часот.

 

Сања Димитровска