-->
-->
Патничките од италијанскиот воз негативни на коронавирусот
-->
Возот од Италија, кој вчера беше запрен на границата со Австрија, го продолжи патувањето откако е утврдено дека двете Германки за кои постоеше сомневање дека се заразени со новиот коронавирус се негативни на тестирањето, соопштија австриските власти.
Австриската телевизија ОРФ претходно објави дека возот од Венеција, кој вчера попладне патуваше кон Минхен, беше запрен на границата со Австрија поради две германски државјанки кои кашлале и имале треска.
Тие се прегледани и тестирани во болницата во Верона, но тестовите биле негативни.
Меѓутоа, тоа не им било јавено веднаш на австриските власти, поради што дошло до задржување на возот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто