Македонија
22. November 2016 - 8:45

Патот Маврово - Дебар кај Бошков мост три часа во прекин

Патниот правец Маврово - Дебар кај Бошков мост - Косоврасти утре од 12:30 до 15.30 часот повторно ќе биде во прекин поради асфалтирање. 

Диспечерскиот центар на Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека во зависност од потребите ќе бидат пропуштани само приоритетните возила како брза помош, противпожарна и полиција.

Повеќе информации може да се добијат во Диспечерскиот информативен центар на „Македонијапат“ на телефонот 02/25 61 502 или на веб страницата www.makedonijapat.com.mk