Македонија
21. July 2020 - 19:48

Пазарниот инспекторат утрово го затвори кафе барот Аватар во Струмица

Пазарниот инспекторат утрово го затвори кафе барот Аватар во Струмица. Од инспекторат информираа дека ваквата мерка била изречена после направените контроли во петокот за време на кои  биле констатирани неправилности во работењето и непочитување на протоколите предвидени за заштита од корона вирусот. Став за ваквата одлука побаравме и од менаџментот на Аватар. Од таму не информираа дека моментално се на пат, а информацијата дека објектот е затворен ја добиле од новинарите што ги контактирале.

,,Моментално сме на пат, а дека објектот е зат6ворен разбравме од медиумите. Во моментов немаме никаква информација кога се ставени налепниците и по кој основ е направено тоа, ниту пак некој не контактирал.  Ние и понатаму стоиме на ставот дека работиме по закон ги почитуваме сите предвидени прописи  за растојание помеѓу масите, средства за дезинфекција и заштитна опрема кај вработените. Уште еднаш потенцираме дека се работиза кафе бар на отворено, а не за ноќен клуб. Забуната најверојатно е настаната поради зимскиот клуб кој го носи истото име и кој во моментов не работи.,, велат од менаџментот на кафе бар Аватар.

Во моментов на подрачјето што го покрива центарот за Јавно здравје во Струмица, односно во струмичко валандовскиот регион  има 17 активни случаи на корона вирус. Од нив шест лица се хоспитализирани. Од центарот велат дека во моментов состојбата се држи под контрола, но апелираат на максимално почитување на мерките за заштита. О)ва посебно се однесува на младите лица се нај недисциплинирани, но и најризични поради големиот број контакти.

Од почеткот на пандемијата во на подрачјето на Центарот за Јавно здравје во Струмица се регистрирани вкупно 33 лица инфицирани од корона вирус. Активни се 17 случаи, а две лица починаа.