Живот
21. February 2019 - 22:40

Педофилот го фатија без гаќи: Русин (24) нападна девојче во лифт, станарите спречија хорор

На рускиот 24-годишен педофил Дмитриј му се заканува затворска казна од 8 до 15 години поради напад и злоставување на 14-годишно девојче во Москва.

Тој минатиот викенд нападна девојче во лифт од зградата во која живеела. Не се познавале иако тој живеел недалеку од неа. Нападот го извршил откако некое време ја следел па знаел во кое време ќе тргне на настава, пренесуваат светсктие медиуми.

Ја нападнал во лифтот, раката и ја ставил на устата, и ја искинал облеката и почнал да ја соблекува. Злоставувањето продолжило и откако ја извлекол од лигфтот и ја фрлил на подот.

Медиумите додаваат и дека неколку пати ја удирал. Нападот е прекинат откако еден станар влегол во предворјето на зградата. Се обидел да го запре 24-годишниот монструм кој покрај преплашеното девојче, од зградата истрчал полугол.

На себе имал само една маичка и еден чорап, а останатата облека му останала на местото на злосторството. Сепак полицијата по повикот од станарите набрзо го уапсила, а тие моменти се забележани од безбедноснтие камери.