Џет-Сет
2. January 2018 - 16:42

Пејачката скршена: Гоца Тржан доживеа сообраќајка за дочекот на Новата година

Пејачката Гоца Тржан не ја заврши на најубав начин 2017 година.
 
Таа на Твитер објави дека доживеала сообраќајна несреќа. Имено, пејачката со автомобилот удрила куче!
 
- 2017 година ја испраќам со скршен автомобил, бидејќи удрив куче на автопатот (душата ме боли). Браво за службата која ги одржува патиштата! Среќа, главата ми е на рамена и ништо не е скршено. Да живееме , - напишала Гоца на својот профил.