Пекинг: Кинеската вакцина против Ковид-19 дава имунитет две недели по првата доза
Луѓето кои ќе примат кинеска вакцина против Ковид-19 развиваат имунитет на вирусот во рок од две недели од првата инјекција, изјави Лу Џинжен, шеф на кинеската Национална фармацевтска група (Синофарм).
Во моментов Синофарм ја спроведува третата фаза на меѓународни клинички испитувања на вакцината во Обединетите Арапски Емирати. Се очекува вакцината да се појави на пазарот кон крајот на декември 2020 година.
– Една инјекција ви дава гаранција од 97 отсто заштита, антителата се развиваат бавно. Нормално, нивото на антитела потребни за борба против Ковид-19 ќе се развие во рок од половина месец. Ако примите две инјекции, гарантирана е 100 отсто заштита, тврди Лу.
Според него, интервалот помеѓу првата и втората инјекција е 28 дена, но во специјални случаи може да се примат и двете инјекции во исто време. Шефот на Синофарм увери дека вакцината нема да биде многу скапа.
– Очекуваме една доза да чини неколку стотици јуани. Ако има две инјекции, цената ќе биде околу 1.000 јуани (144 американски долари), рече Лу.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак