Свет
29. March 2016 - 12:57

Пекинг за првпат назначи специјален пратеник за сириската криза

Кинеската Влада првпат назначи свој специјален пратеник за сирискиот проблем, а изборот падна на дипломатот Ксе Сјаојан, изјави на денешниот редовен брифинг со новинарите портпаролот на Министерството за надворешни работи во Пекинг, Хун Леи, пренесе ТАСС.

Ксе Сјаојан е поранешен кинески амбасадор во Иран, Етиопија и Африканската унија, посочува руската агенција.

Според портпаролот Леи, задачите на специјалниот претставник за Сирија ги опфаќа „активирање на напорите за содејство во мировните преговори“ и „засилување на врските со сите заинтересирани земји“ за побрзо надминување на кризата во Сирија.

-Во моментов решавањето на сирискиот проблем е навлезено во решавачката фаза, спогодбата за запирање на огнот се почитува во целост, на сириското население му се дели хуманитарна помош, а Владата и опозициските сили ги обновија преговорите во Женева, забележа Хун Леи.