Пендаровски: Патот кон ЕУ и НАТО е единствениот што ќе донесе подобар живот и за пензионерите и за младите
Напредокот што политиките на актуелната Влада го обезбедуваат мора да продолжи затоа што тоа е вистинскиот пат до подобар живот за пензинерите, но и за младите истовремено. Ова денеска го истакна кандидатот за претседател на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски на средба со пензионерите.
За да се постигне посакуваната цел, како што рече, мораме да продолжиме по вистинскиот и единствен пат, а тој води кон НАТО и ЕУ. Според него, тоа значи сигурност, безбедност и стабилност, но тоа значи и повеќе пари кај граѓаните.
– На овие избори ќе се судрат два концепта кои се многу спротивставени. Мојот концепт е напредокот, државата да биде дел од Европската унија. Другиот концепт е напредокот кој започна да се поништи и да се прекинат сите разговори со ЕУ и со НАТО и да се вратиме назад.Нашиот избор е напред, да одиме напред заедно, рече Пендаровски
Тој посочи дека не смееме да се исцрпуваме со кавги и внатре и со соседите.
– Да му дадеме шанса на овој концепт кој ние го нудиме, да дадеме ветер во грб на оваа политика, само тој е патот по кој може да одиме. Минатата година беше година на интеграции, а оваа е година на економијата, затоа што заслужуваме подобар живот, подобар стандард, нови и подобро платени работни места, рече Пендаровски.
На средбата присуствуваше и членот на ЦО на СДСМ Мила Царовска, која рече дека како расте економијата така ќе растат и пензиите.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари