Пендиков од бугарските власти ќе добие стан и пари за издржување додека е во Бугарија
Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб од Охрид кој неодамна беше претепан и лекуван потоа во Софија од бугарските власти ќе добие стан за привремено живеење и пари за издржување додека е во Бугарија, соопшти министерот за надворешни работи, Николај Милков, на прес-конференција. Парите што ќе ги добие за живеење се наменети за него и за неговото семејство, рече Милков. Тој се надева дека Христијан Пендиков брзо ќе добие бугарско државјанство.
Пендиков ќе има и средба со бугарскиот министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев, на која ќе се прецизира во колкава мера и дали му треба обезбедување на нашата територија, за да не стане жртва на провокација.
Милков ги дефинираше настаните од 4 февруари, по повод 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и случаите на приведени Бугари на граница, како нова ниска точка во односите меѓу Софија и Скопје. „Во однос на конзуларните прашања, правната помош, планираме да направиме некои консултации со нив за да ги изнесеме нашите тврдења, бидејќи тие не нѐ известија за апсењата на бугарските државјани. Тие се обврзани да го сторат тоа според еден куп меѓународни конвенции“, рече Милков.
Пендиков вчера беше отпуштен од Военомедицинската академија во Софија и веднаш беше примен од претседателот Румен Радев.
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина