Пендровски: Заедно сме посилни, како претседател ќе работам упорно на унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија
Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, присуствуваше на одбележувањето на 11 годишнината од формирањето на Бугарскиот културен клуб, под мотото„Заедно сме посилни“.
Тој кажа дека двете земји ги зближува една мисла, да направиме се што може Балканот да го однесеме во Европа, или Европа да ја донесеме на Блаканот и конечно од тука да не доаѓаат лоши вести туку само позитивни. Пендаровски се заблагодари на дадената поддршка.
„Ми дадовте политичка поддршка која ретко се случува, вие не се дистанциравте и дадовте поддршка на најдобрата опција за иднината на Република Северна Македонија. Претходно постоеја гарнитури кои во вас гледаа непријатели, таквиот однос не смее да се повтори, бидејќи тоа беше срам и не се европски вредности. Вие сте граѓани на нашата држава и сте рамноправни. Границата по договорот со Бугарија е европска граница“, рече Пендаровски.
Македонско-Бугарската комисија, посочи за кратко време ќе даде исход и тоа нема да носи делби туку ќе затвори историски контроверзи врз основа на историски факти и аргументи.
„ Во последните две година има нов дух на соработка, меѓу двете држави. Ако ја добијам довербата така и ќе остане, упорно, достојно ќе работам на унапредување на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Бугарија “, рече кандидатот за претседател, поддржан од граѓаните и од 3о политичка партија од сите заедници.
Соговорниците дадоа недвосмислена поддршка за Стево Пендаровски, бидејќи рекоа, само тој како модерен политичар гледа напред и ќе работи за европска држава, за европска Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка