Македонија
4. October 2015 - 16:24

Пензионерите од утре ќе добијат повисоки пензии

Околу 300 илјади пензионери утре ќе добијат зголемени пензии. Покачувањето ќе изнесува 621 денари за секој пензионер. Со ова зголемување, просечната пензија во земјава ќе изнесува 13.085 денари и во однос на 2006 година таа е за над 73% поголема. Тогаш просечното примање на македонскиот пензионер изнеусваше 7638 денари. Зголемувањето на пензиите е исполнување на уште едно ветување на Владата.

Пензиите ќе растат и догодина. Во октомрви 2016 пензиите ќе бидат зголемени за дополнителни 650 денари. Парите з аоваа намена веќе се планирани во буџетот за следната година.

Со континуираното зголемување на пензиите, Македонија со просечни 212 евра, стана лидер во регионот според висината на пензија. Во Србија просекот изнеусва 190 евра, во Бугарија 170, во Албанија 150, во Косово околу 120 евра, а во Грција пензиите постојано се намалуваат.

Покрај пензиите, континуирано растат и андоместоците за социјално ранливите граѓани. Социјалната помош годинава во јуни се зголеми за 10%, а догодина во ќе биде зголемена за дополнителни 5%. Растот од 2007 година досега изнеусва над 60%.