Македонија
16. October 2020 - 11:35

Пешак почина по удар од автомобил управуван од 17 годишник кој побегнал од местото на несреќата

На 15.10.2020 околу 15.30 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, пред крстосница со ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 17 - годишник од Скопје, удрило во пешак С.С.(38) од Скопје. Пешакот починал на местото на незгодата, а возачот го напуштил местото, но набргу потоа бил пронајден. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.