Македонија
9. December 2019 - 17:05

Пешак почина по удар од автомобил во Облешево

Синоќа во 22.20 часот на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во с.Облешево, патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(23) од с.Стар Караорман, удрило во пешакот Т.Ј.(56) од Штип. Во незгодата Т.Ј. починал, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.