Бизнис
24. March 2016 - 16:15

Пешевски: Бројот на вработени во странските компании ќе биде дуплиран за три години

Влезот на нови странски компании и постоечките лоцирани во зоните двојно ќе го зголеми бројот на вработени. Од сегашните 17 илјади работни места, наредните две до 3 години бројката ќе достигне 34 000.

Ова според вицепремиерот Пешевски се должи на поволната бизнис клима и соработката што Владата ја има со странските инвеститори.  Изминатите десет години тие инвестирале  2,6 милијарди евра.

Од 2006 та до 2015 та во земјава се реализирале 49 поголеми гринфилд инвестиции и стотици помали. Владата посветено работи странските инвеститори да ги лоцираат своите фабрики и во другите градови низ земјава, а не само во Скопје.

Меѓу поголемите инвеститори се Дрекселмаер во Кавадарци кај што работат 5800 лица, Кромберт и Шуберт во Битола со 2800 вработени и Гентерм во Прилеп каде што моментално работат 345 лица а се очекува во иднина бројката да достигне  2000 вработувања.

Пешевски потенцираше дека Владата континуирано работи и на поддршката на земјоделците. Изминатите 10 години само за субвенции се доделени 1 милијарда и 55 милиони евра. Се работи и на подобрувањето на животот во руралните средини, обновување на механизацијата, како и на поттикнувањето на младите земјоделци да се занимаваат со оваа дејност.

Поддршката за македонскиот аграр ќе продолжи и во иднина, како и политиките за привлекување странски компании во земјава. Очекувањата се нивниот  број континуирано да расте.