Свет
10. May 2017 - 22:02

Песков: Москва не е загрижена подари смената на Коми

Москва не е загрижена поради отпуштањето на директорот на Федералното истражно биро (ФБИ) Џејмс Коми, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој нагласи дека Русија се надева дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го смени Коми нема да влијае врз американско-руските односи „на ниту еден начин“.

Песков  посочи дека тоа „во целост е национално прашање“ на САД.