Песочна бура на Канарските Острови, нарушен авионскиот сообраќај
Голема песочна бура од Сахара ги погоди шпанските Канарски Острови, поради што е нарушен авионскиот сообраќај на таа популарна туристичка дестинација.
Шпанскиот оператор на аеродромот „Аена“ вчера, поради слаба видливост, ги откажа или ги пренасочи сите летови за и од Канарските Острови.
Во текот на ноќта сообраќајот е нормализиран на сите аеродроми, освен во јужниот дел на Тенерифе.
Ветерот беше пречка и за траектниот сообраќај, јави Би-би-си.
Регионалната Влада во саботата прогласи вонредна состојба, а на жителите им беше советувано да останат во домовите, да затворат прозорци и да избегнуваат патувања.
Шпанската национална метеоролошка служба соопшти дека ветер со јачина од 120 километри на час на Канарските Острови може да се очекува и денеска.
Ново на Сител
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер