Живот
29. October 2015 - 11:09

Пет факти кои не сте ги знаеле за самураите

Привилегираните јапонски војници, носејќи катани, водени од кодексот бушидо до смрт ја чувале честа.

Од детството, овие бестрашни војници се учени на самодисциплина, градејќи чувство на должност.

Тие ги отфрлувале материјалните добра и било кој облик на страв, посебно стравот од смртта. Во периодот од 1603 до 1867 година станале владејачка воена класа и највисока општествена класа во Јапонија, на големо разочарување на непријателот, бидејќи храбрите самураи се секогаш пред своите потреби, па дури, и животот го давале за чест.

Ви ги претставуваме најинтересните факти за самураите.

Честа пред се

Самиот збор „самурај‟ значи „тој кој служи во име на честа‟. Колку овој принцип бил важен во животот на самураите најдобро кажува сепуку, доброволен чин или казна која подразбира дека самураите не го следат доследно Бушидо – (патот на воинот) – или доколку паднат во рацете на непријателот тие извршуваат самоубиство.

Најпознат облик на ова ритуално самоубиство подразбира војникот со мач да го прободе стомакот и да го врти лево-десно. Потоа друг самурај да го обезглави бидејќи во спротивно смртта би била премногу болна.

Не биле само војници

Самураите од останатите војници низ светот не се разликувале само по необичниот оклоп и катаната. Тие биле политички активни и образовани, пишувале поезија, правеле цветни аранжмани, добро ја познавале математиката...

Не користеле само катани

Иако „душата на самурајот е во неговата катана‟, тие пред се користеле чокуто, потенка и покуса верзија на рамните мечеви кои подоцна ги користеле средновековните витези. Како што техниката на изработка на мечевите напредувала, се користеле се покриви мечеви, се додека не се развиле катаните.

Меѓутоа, тие не биле единствено оружје кое го користеле самураите. Употребувале и дрвено оружје како палка, предмети од синџири, долг лак (Јуми), копја (Јари и Нагината)... По развивањето на технологијата, почнале да користат топови и пушки танегашима.

Постоеле и самурајки

Иако во тоа време жените во другите култури имале подредена положба и чекале нивните сопрузи, татковци, синови и браќа да се вратат од војна, жените во Јапонија биле во друга состојба.

Имено, тие имале политичко влијание и биле дел од оваа бестрашна и елитна класа. Јапонките познати како Она-бугеиша се бореле рамо до рамо со мажите и го следеле истиот кодекс на однесување и животната филозофија.

Меѓутоа, наместо катана, тие главно користеле нагината, копје долго повеќе од еден и пол метар на чив врв се наоѓал заоблен меч.

Вакашудо

Хомосексуалноста меѓу самураите не била табу тема. На искусните војници кои ги подучувале момчињата и децата, им било дозволено доколку тие прифатат, да стапат во љубовна врска со своите ученици.