Пет казнени налози, против пет лица од Прилеп, за непочитување на полицискиот час
Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 5 лица, обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Прилеп.
-Сите обвинети не ги почитувале прописите и одлуките на Владата со кои се определуваат мерки за спречување и сузбивање на заразната болест COVID-19, односно Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, информираат од обвинителство.
Надлежните јавни обвинители му предложија на Судот на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени