Живот
3. January 2019 - 12:06

Пет причини поради кои постојано сте уморни

Многу нешта влијаат врз квалитетот на животот, но еден од најважните фактори е спиењето. Доколку преку ноќ често се будите, спиете лошо, веројатно во текот на денот ќе се чувствувате изморени и тоа многу ќе влијае на вашата „функционалност“.

Доколку, пак, трае подолго време, тоа се претвора во хроничен проблем во спиењето. Оливија Арезоло, експерт за сонот, ги открива најчестите грешки кои ги прават луѓето, и кои имаат негативно влијание врз квалитетот на сонот.

Вклучени светла до доцните ноќни часови

Иако многумина ги обвинуваат мобилните телефони за проблемите со спиењето, и собната светлина може да биде подеднакво штетна. – Истражувањата покажуваат дека светилките во собата можат да го намалат лачењето на мелатонин (хормонот на будноста и спиењето) и може да доведе до кратко и недоволно спиење, истакнува докторката.

Таа препорачува, 90 минути пред да си легнете, да ги затемните светлата во собата, така што вашето тело ќе добие сигнал дека е време да се опушти.

Одложување на станувањето
За многумина е едноставно неодоливо наутро да го одложуваат будилникот по неколкупати… Д-р Арезоло советува да не го правите тоа. – Научниците од Универзитетот во Калифорнија докажаа дека токму поради оваа навика станувате тромави, мрзливи и се чувствувате како воопшто да не спиете, вели таа.

Топол туш пред спиење

– Иако топлиот туш ги опушта мускулите, тоа исто така ја зголемува и температурата на телото што го прави потешко заспивањето и го спречува обновувањето енергија за вашето тело за следниот ден, предупредува таа.

Доколку сепак, сакате да се опуштите со топол туш, правете го тоа најмалку еден час пред да одите в кревет, или пак наутро.

Работење до доцна во ноќта

– При продолжена работа мозокот се одржува во активна состојба, и притоа вам ќе ви треба повеќе време за да се наспиете. Ова може да влијае на квалитетот и должината на спиењето, но и му штети на вашиот мозок кој можеби нема да има можност да се одмори до следното утро, додава таа.

Претерувате со алкохол

Сите истражувања за нарушувања на спиењето, посочуваат дека прекумерното консумирање алкохол влијае негативно на сонот.

– Тоа воопшто не е за изненадување, бидејќи главната состојка во алкохолот е шеќерот кој го стимулира телото и влијае врз нас слично како кофеинот, објаснува експертот советувајќи да не се пие алкохол најмалку три часа пред легнување.