Македонија
1. March 2017 - 9:20

Пет сообраќајки во Скопје, едно лице полесно повредено

На подрачјето на СВР Скопје во изминатите 24 часа се случиле пет сообраќајки во кои е причинета материјална штета, а во една сообраќајка полесно е повредено едно лице.  

Во текот на вчерашниот ден санкционирани се еден возач кој возел под дејство на алкохол, еден возач кој не е отстапил првенство на минување на возилата во зона на крстосница, осум возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и 10 возачи кои додека возеле не го користеле сигурносниот појас или зборувале на мобилниот телефон.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 43 возила.