Фудбал
18. September 2016 - 18:27

ПФЛ: Вардар за еден гол подобар од Работнички

Со голот на Бобан Николов постигнат во првото полувреме шампионот Вардар го совлада Работнички и му избега на четири бода на врвот на табелата.
 
Најефикасниот дуел с еодигра во Тетово каде Шкендија беше убедлива против Македонија ЃП, а на другите денешни два натпревара од 6.коло во Првата македонска фудбалска лига мрежите мируваа.
 
Постигнати резултати:
 
Вардар – Работнички 1:0,
Силекс – Ренова 0:0,
Победа – Брегалница 0:0 и 
Шкендија - Македонија ЃП 3:0.
 
Вчера, Шкупи – Пелистер 2:1.
 
Табела: Вардар 16 бода, Работнички 12 бода, Пелистер 10, Шкендија 10, Ренова 9, Силекс 8, Шкупи 5, Победа 4, Брегалница 3, Македонија ЃП 2.