Живот
20. October 2015 - 12:40

Пијан Ирец гол шетал низ авион, принудно слетале во Белград

Разбеснета група од 120 патници викендов го тероризирала персоналот на белградскиот аеродром и полицијата цели 12 часа со пијано врескање и повици за секс. Според српските медиуми лудата журка на околу 120 пијани патници почнала за време на летот на линијата Даблин-Измир. Бесни и пијани, патниците воопшто не се грижеле за безбедноста во авионот, па набргу журката се претворила во вистинска драма во воздухот. Пилотот на турската компанија „Сан експрес“ тогаш бил принуден авионот принудно да го слета во Белград десеттина минути пред 14 часот.

Во центарот на нередот бил Ирецот Кит Б. (37), кој најпрвин сосема гол се нафрлал на стјуардесите во авионот, скокал по седиштата на патниците, а потоа правел проблеми и на полицијата и персоналот на Аеродромот „Никола Тесла“.

– Ирецот кој беше целиот со тетоважи беше мортус пијан, ги навредуваше полициските службеници, ги туркаше. Полицијата мораше да реагира, да ми стави лисици и да го задржи додека не се отрезни. Бидејќи дежурниот обвинител проценил дека нема елементи на кривично дело и прекршоци, пијаниот од транзит излегол на територијата на Србија во 17.10 часот откако пилото му забранил да го продолжи летот со останатите патници, велат очевидците.

Меѓутоа со тоа не завршила драмата на аеродромот. Група од 15 најпијани патници почнала да ги малтретира сите кои се затекнале на аеродромот. Блиската средба со полицијата изгледа не ги отрезни доволно, па забавата ја продолжиле по ходниците и покрај тоа што полетувањето на авионот кој принудно го спиштиле поради нив било закажано за 22 часот.

– Беше страшно. Тие луѓе за 3 часа испија вкупно 250 пива во две кафулиња на аеродромот. Толку пиво се продава за цела дневна смена! Притоа беа неподносливи пидејќи тотално пијани постојано довикуваа, пееја, врискаа, вели друг очевидец.

gol

Никој не смееше да им се доближи и да ги фотографира плашејќи се дека ќе се втурнат на него или ќе почнат да кршат некои од локалите и опремата на аеродромот. Полицијата беше во приправна состојба и од дистанца ги набљудуваше.

Но, најтешките сцени допрва доаѓаа. Една жена од нивната група на пијани патници кои беа облечени само во куќни мантили и пижами беше толку пијана што трчаше наолоку по полицајците, келнерите и персоналот дерејќи се и брајаќи им секс!

Поради разузданоста која не се смируваше повторно пропадна качувањето во авион и во 22 часот кога пилото одби да ја прими оваа жена во авионот, а нејзиниот багаж беше исфрлен од авионот, кој конечно полета за Турција на половина час пред полноќ