Македонија
27. March 2020 - 19:51

Пијана девојка за време на полициски час лежела на улица

33-годишна битолчанка во алкохолизирана состојба била затекната од страна на полициските службеници како лежи на улицата „Прилепска“ половина час после полноќ на 26 март. Заради кривичното дело - Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија , Основното јавно обинителство Битола му предложи на Основниот суд Битола да изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. Обвинителството побара казна и за 18-годишен битолчанец кој не ги почитувал прописите и наредбите согласно мерките  за спречување на коронавирусот. Тој, за време на полицискиот час, исто така на 26 март во 1:25 часот со возило без регистрарски таблици возел по улицата „8-ми Септември“ во Битола.

Во изминатото деноноќие на територијата која ја покрива СВР Битола ( Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски брод) регистрирани се 25 прекршувања на полицискиот час.

Од нив најголемиот дел се во Битола – вкупно 20 лица не го почитувале полицискиот час во последните 24 часа. Од нив две се деца под 18 години, 9 лица над 67 години и 9 граѓани од 18 до 67-годишна возарст.

Од СВР Битола апелираат да се почитуваат мерките дадени од страна на Министерството за внатрешни работи и апелираат максимално почитување на полицискиот час, бидејќи секое непочитување соодветно ќе се санкционира.

Инаку, вкупниот број лица кои се наоѓаат во самоизолација во Битола изнесува 194.