Пијанистот Арда Мустафаоглу троен победник на натревар во Италија

Младиот македонски пијанист Арда Мустафаоглу го освои првото место на четвртиот меѓународен натпревар за пијано „Città di San Donà di Piave“, што се одржа од 17 до 22 мај во културниот центар „Леонардо да Винчи“ во Венеција.
Арда Мустафаоглу победи во конкуренција од 170 пијанисти од 30 држави. Жирито во состав: Константин Боџино, Масимилиано Џенот, Карло Гуаитоли Александар Вујуќ и Метс Видланд, едногласно му ја додели и специјалната награда „Невена Поповиќ“.
На завршниот концерт во театарот „Metropolitano Astra“, на Мустафаоглу му беше доделена наградата од публиката.
Арда е ученик во седмо одделение во Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски –Луј“ од Скопје во класата на м-р Самира Мустафаоглу. Во неговата кратка пијанистичка кариера има многубројни настапи, концерти, освоени први награди, специјални награди и титула лауреат на државни и меѓународни натпревари во Македонија, Турција, Србија, Бугарија и Албанија.
На 9 јуни, заедно со македонската филхармонија Арда Мустафаоглу ќе и се престави на домашната публика со Моцартовиот пијано концерт бр. 21.
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
