Македонија
27. February 2018 - 18:05

Пикап удри пешак кај Ново Лисиче

Возило пикап со скопски таблички попладнево удрил во пешак на булеварот „АСНОМ“ спроти паркот Јане Сандански кај Ново Лисиче.

Засега нема информации со какви повреди се здобил пешакот, кој е префрлен на скопските клиники, информираат од полицијата.

Увидна екипа на полицијата ги утврдува причините за сообраќајната незгода