Македонија
5. October 2015 - 16:47

Пилепчанец од селото Воѓани го загуби животот во сообраќајна несреќа

Утринава, околу 7 часот, управувајки комбе “Цитроен Џамбо”, со прилепски регистарски таблички, загинал 42-годишниот Мендо Г. од селото Воѓани, општина Кривогаштани. Несреќниот возач движејки се на патниот правец Кичево-Демир Хисар, од засега неутврдени причини, загубил контрола врз возилото и удрил во паркирано товарно возило – “Влекач со полуприколка” со битолски регистарски таблички, при што починал на самото место.
 
Според наводите на Полицијата, несреќата се случила кај месноста викана “Зли Дол”. Увид на местото на трагичниот настан извршила увидна екипа од СВР Битола, а телото на починатиот е предадено на обдукција со цел утврдување на причините кои довеле до сообраќајката.
 
Вчера, пак, околу 14 часот на излезот од Прилеп кон Македноски Брод, се случила уште една тешка сообраќајка во која тројца тинејџери се повредени, од кои едниот е со тешки телесни повреди. 
 
Истрагите и за двата несреќни случаи продолжуваат.