Живот
1. јуни 2020 - 17:59

Пингвини од зоолошка прошетаа во празниот музеј Нелсон Аткинс

Додека светот седи во карантин, пингвините си поминуваат подобро од кога било. Се запознаваат со китови во аквариум, владеат со улиците во Кејптаун, Јужна Африка, а сега дури ја добија и првата лекција по историја на уметност.

Пингвините од зоолошката градина во Канзас, САД, неодамна го посетија празниот музеј Нелсон Аткинс, талкајќи по објектот се восхитуваа на уметничките дела кои ги одбележаа Барокот и Импресионизмот.

Трите Хумболдт пингвини се задржаа на творештвата од големиот Караваџо, изненадувајќи го директорот на музејот со нивниот префинет вкус.

Директорот на музејот, Јулијан Зугазагоитиа за Инсајдер изјавил дека тој претпоставувал дека изложувањето на пингвините пред творештво од Клод Моне од серијата Water Lillies, ќе влијаје позитивно на нив.

„Причината поради која сакавме да ги експонираме пингивите пред творештво од серијата Water Lillies на Моне е поради тоа што ова е едно од нашите омилени уметнички дела тука, навистина е смирувачко и нежно. Сметавме дека пингвините ќе реагираат позитивно на делото токму поради тие причини, но тие шетаа наоколу и набљудуваа, не застанаа конкретно на тоа дело“.

Сепак, изгледа дека пингвините биле поголеми фанови на Барокот.

„Мислам дека тие се чувствуваа далеку покомфортно во просторијата каде се изложени уметнички дела од Барокот. Тоа го заклучивме поради тоа што таму поминаа најмногу време, а според изразот на нивните лица, изгледаа и поизантересирано. Просториите се многу потопли, ѕидовите се црвени и има многу „акција“ на самите творештва“, вели Зугазагоита.

„Не знам дали пингвините ги препознаа човечки фигури, па изгледаа како да пробуваат да воспостават интеракција со луѓето, или пак само повеќе им се допаѓаат Старите Мајстори од Барокот“, додава директорот на музејот.

Идејата за пингвините да го посетат музејот настанала како Првоаприлска шега.

На 1 април годинава, Зугазагоита му телефонирал на Ренди Вистхоф, директор на зоолошката градина во Канзас, кога го прашал какви се нивните планови  за реотварање за време на пандемијата.

„Сите во организација на Канзас Сити, особено умтеничките и невладините организации, сме во блиска и пријателска врска“, вели Зугазагоита за Инсајдер и истакнува дека за нив е многу нормално да зборуваат меѓу себе околу координција при реотварање на објектите.

„Му се јавив на Ренди за да го прашам како се снаоѓаат и што размислуваат на тема реотварање на објектот, а тогаш, шегувајќи се го прашав „Еј, зошто не ги донесете пингвините во музејот?“ Очекував да ми одговори дека тоа е луда идеја, но тој ми врати со „Се разбира, кога сакаш да ве посетиме?“. И така, од обично шегување со пријател се случи оваа посета“, вели директорот на музејот.

Тогаш вработените во музејот и во зоолошката ги здружиле силите за да ја испланираат посетата.

Бевме загрижани за безбедноста на птиците и уметноста, и затоа детерминиравме во кои простории ќе може да прошетаат, а кои ќе бидат заклучени.

За време на посетата, лицата кои се грижеле за пингвините внимателно ги следеле како што излегувале и влегувале во просториите на музејот.

Директорот Зугазагоита истакнува дека она што најмногу го изненадило е што пингвините се однесувале како вообичаени посетители на музејот.

„Тие реагираа како и поголемиот дел од нашите посетители, ги набљудуваат просториите и подзастануваат, малку тука, малку таму. Истражувања велат дека просечното внимание кое човекот ќе го посвети во голем музеј, е 10 секунди за секое поединечно дело, јас навистина сметам дека и кај пингвините е исто. Тие беа навистина многу по антропоморфични отколку што очекував“.

Бидејќи пингивините се од Перу, директорот Зугазагоита им се обраќал на шпански јазик додека се шетале низ музејот.

„Јас не сум експерт кога станува збор за животинскиот свет, но кога ги воочив нив, си помислив „Вау, пингвините обрнуваат внимание, тие се навистина љубопитни!“, признава директорот.

Музејот објави видео од посетата на пингвините на Јутјуб, каде набрзо собра голем број прегледи и го привлече вниманието од светските медиуми.

Најголемото изненадување беше кога ги читавме сите мејлови и коментари од луѓе ширум светот кои ни пишуваа колку се расположиле за време на карантинот со фотографиите и снимките.

„Споивме два света, животинскиот и уметноста, и станавме сведоци на навистина прекрасно изненадување, плус пингвините беа толку слатки и се однесуваа така примерно. Навистина, денот беше повеќе од фантастичен“, заклучи директорот Загазагоита.