Свет
9. August 2015 - 12:06

Пирати запленија танкер со нафта кај Малезија

Танкер со нафта е запленет од страна на пирати во територијалните води на Малезија, јави ТАСС, повикувајќи се на изјави на претставници на малезиската Национална управа за поморство. 

Според истите извори, танкерот бил нападнат од пиратите во близина на брегот на западната малезиска сојузна држава Селангор.

Танкерот, кој се движел кон малезиското пристаниште Куaнтан, превезувал околу 6.000 тони нафта.