Пиварниците во Германија морале да фрлат пиво вредно милиони евра
Голем број германски пиварници во отворено писмо предупредија на катастрофалните последици од корона-кризата и „локдаунот“ врз произведувачите на пиво, до степен до кој, како што велат, е загрозен опстанокот на дел од нематеријалното наследство на УНЕСКО во Германија.
Кафулиња, барови, ресторани се затворени во Германија со месеци, објаснуваат во отвореното писмо, објавено на веб-страницата на Германското здружение на пивари, што доведе до тоа производителите на пиво едвај да можат да продадат нешто од пивото наменето за точење во рестораните. Тие објаснија дека дури не се одржуваат ни свечености, како места каде што пиво се точи во кригли во огромни количини.
„Производи вредни милиони евра, чијшто рок на траење е истечен, мораа да бидат уништени“, објаснуваат тие. Во писмото, пивопроизводителите апелираат за помош не само за себе, туку предупредуваат и на состојбата со земјоделците врз чија работа се темели производството на пиво. Тие предупредија дека 1.500 земјоделци изјавиле дека досега не биле вклучени во програмите за помош и дека доколку владата во Берлин и владите во одредени региони на Германија не реагираат на насочен и брз начин, „на многу погони им се заканува несолвентност. “
Производителите на пиво во Германија наведуваат и дека во март 2020 година УНЕСКО го призна традиционалното производство на пиво во оваа земја како нематеријално културно наследство, кое сега е „акутно загрозено“.
Тие се повикуваат на Заводот за статистика на Сојузна Република Германија и наведуваат дека во 2020 година во Германија се продало 5,5 проценти помалку пиво отколку претходната година. Дефицитот, според таа пресметка, главно оди на сметка на пивото кое се продава за точење.
Ново на Сител
-
Приведен сопственик на угостителски објект, служел гости по работното време
-
Мицкоски: Собрани повеќе од 100.000 потписи од граѓани кои не се задоволни од операцијата попис
-
Шекеринска: Набавката на вакцините е проблем со кој се соочуваат и најголем дел од НАТО – земјите и ЕУ
-
Донирани автоматски пушки од САД за модернизација на Армијата
-
Автомобил излетал од патот Гостивар-Градец, повредени се три лица меѓу кои и малолетник
-
Уапсени две лица кои краделе од вагони на Железничката станица во скопско Трубарево
-
Албанија регистрира црн месечен рекорд на починати од Ковид-19
-
На Арктикот до крајот на векот температурата може да се зголеми за 20 степени