-->
-->
Пјаца официјално во Јувентус
-->
Марко Пјаца и официјално е нов член на италијанскиот шампион Јувентус. Екстра талентираниот 21-годишниот хрватскиот репрезентативец кој до пред два дена беше член на Динамо Загреб, а во натпреварот од Лигата на шампионите против Вардар постигна два гола од пенал,. Тој само ден по овој меч и официјално беше претставен како ново засилување на Јувентус.
За преминот во Торино, Jувентус на Динамо ќе му исплати 23 милиони евра, што претставува нов рекорден трансфер во хрватскиот фудбал, по оној на имаше Лука Модриќ, за кој Тотенхем на Динамо пред седум сезони му плати 12 милиони евра.
По официјалната презентација Пјаца, не го криеше задоволството ветувајќи дека ќе даде се од себе Јувентус да ја продолжи традицијата на освојувањре на бројни трофеи.
- Многу сум среќен и возбуден што ќе бидам дел од ваков голем клуб. Со нетрпение чекам да им се посветам на обврските. Се надевам дека заедно ќе освојуваме многу титули. Двојната ктуна во Италија е приоритет, а во Лигата на шампионите сакаме да отидеме што подалеку, изјавил пјаца пред италијанските новинари.
Пјаца со Јувентус потишал пет годишен договор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација