Македонија
31. January 2020 - 9:10

„Планетум“ промовираше четири патеки на биодиверзитетот во Струмичко

Еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица синоќа ја промовираше брошурата „Патеките на биодиверзитетот – можност за авантура низ природното наследство на Струмица“.

Брошурата е издадена во рамките на проектот за промоција на еколошкиот туризам во Струмица.

-Прво планиравме да направиме мапа, но кога почнавме да истражуваме одредивме четири патеки, кои имаат голема вредност и богатство и се посветивме на истражувања кои значат многу, како што се истражување инсекти, птици, кои растенија може да се конзумираат, а кои не, кои цицачи ги има по патеките, кои културно-историски богатства ги има и сето тоа е сместено во нашата брошура, рече Митко Николов од „Планетум“.

Во брошурата, која е прва од таков вид во државата, обележани се четири патеки познати за љубителите на природата, кои се наоѓаат на различни локации во Општина Струмица.