Македонија
12. November 2018 - 10:37

Планинари од Делчево со маршута до Црн Врв на планината Витоша

Вкупно 24 планинари членови на планинарскиот спортски клуб „Голак“ од Делево успешно ја завршија планинарската акција во Бугарија на која го искачија 2.290 метри високиот Црн Врв, највисока точка на планината Витоша. Како што информираше Љупчо Чучуковски претседател на ПСК „Голак“, маршот бил со вкупна должина од 11 километри.

– Ова беше наша клубска акција за искачување на врвот Црн Врв кој се наоѓа на . метри надморска висина и е највисок на планината Витоша. Исто така го искачивме и врвот Мал Резен на 2.182 м.н.в. Почетна точка ни беше планинарскиот дом Хижа, од каде продолживме низ делниците Алеко, Бојанска река како и други живописни планински места и висински точки. Времето беше сончево и одлично за планинарење, при што на враќање го посетивме и прекрасниот Драгалевски Манастир, информира Чучуковски.
 
Додава дека на пат кон Црн Врв планинарите се сретнале со голем број на планинари од Франција, Израел и Бугарија.
 
ПСК ,,Голак” Делчево овој планинарски марш го организираше заедно со својот огранок ПСК ,,Сосна” од Берово.