Македонија
13. January 2021 - 20:00

Пленарна седница за Законот за попис - опозицијата се заканува дека ќе го поништи ако биде усвоен

Законот за попис да биде повлечен од Собранието бидејки од статистичка станува политичка операција, побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ на првиот ден од собраниската расправа за пописот во април. Доколку тоа не се случи лидерот на партијата Мицковски најавува дека ќе собираат граѓански потписи за нов закон со кој се поништи пописот  предвиден за април.

 И за ова ги повикуваме сите граѓани без разлика на нивната политичка припадност или неприпадност без разлика на нивната етничка и верска припадност да ни се приклучат и придружат затоа што на Македонија и е потребен попис кој што ќе даде одговор на статистичките дилеми а не повторно попис кој што ќе биде политички и попис кој што нема да даде одговор на прашањата кои што ја засегаат македонската јавност. Доколку и покрај тоа и овој предлог закон одлучи владејачкото мнозинство да го игнорира и да ја игнорира волјата на илјадници десетици би рекол стотици илјади македонски граѓани тогаш ВМРО-ДПМНЕ јасно кажува дека резултатите од овој попис нема намера да ги признае и идните раководители на институции кои што ќе бидат избрани како предлог на ВМРО-ДПМНЕ резултатите од овој попис немаат намера да ги почитуваат.

Овие ставови на лидерот ги бранеа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската говорница. Забелешките на опозицијата се околу попишувањето за време на пандемија имајќи пред вид дека многу држави веќе ги откажаа пописите, потоа за попишување без документи само преку матичен број и за попишувањето надвор од државата преку електорнска пописница.

Рекација на законот за попис имаат и од пратеничкатра група на Алијанса на Албанците и Алтернатива. Тие стравуваат дека пиписот ќе направи промени во прават кои ги имаат Албанците.

Сепак, најавуваат дека ќе гласаат за законот, но ќе го следат пиписот и резултатите од него.

Од власта велат дека ниту со пописот ќе се кратат нечии права, ниту дека процесот ќе се политизира.

Законот за попис влезе во Собранието пред Нова година во скратена посптака со европско знаменце. Во дводневната комисиска расправа беа одбиени сите амандмани на опозцијата. Расправата на пленарна седница трае три дена.