Свет
6. March 2020 - 13:02

Пленарната мартовска сесија на ЕП наместо во Стразбур ќе се одржи во Брисел поради коронавирусот

Пленарната мартовска сесија на Европскиот парламент ќе се одржи во Брисел, наместо во Стразбур, поради коронавирусот, јави дописникот на МИА.

– Добив прецизен медицински извештај за ширењето на Ковид-19, во кој се известува дека здравствените ризици се сметаат за значително поголеми доколку пленарната седница на Собранието се одржи во Стразбур. Пленарната сесија ќе се одржи во Брисел, истакна претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

Врз основа на овој извештај, Сасоли одлучи дека „не постојат безбедносни услови потребни за вообичаен трансфер на Европскиот парламент во Стразбур на следната пленарна сесија.

За ова уредно е известена француската Влада. А Парламентот се обврзува да ја презакаже пленарната седница во Стразбур согласно договорите на ЕУ.