Пленковиќ: Хрватска ќе и помага на БиХ на патот кон ЕУ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Сараево вети дека Хравтска ќе и ја пружи на Босна и Херцеговина сета помош што ќе и биде неопходна на патот за членство во ЕУ.
Пленковиќ, кој денеска допатува во дводневна официјална посета на БиХ, имаше средби со бошњачкиот и со хрватскиот член на босанското Претседателство, Бакир Изетбеговиќ и Драган Човиќ, како и се претставници на Владата и на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина.
Хрватскиот премиер изјави дека во текот на разговорите неговите домаќини го запознале со „најважните прашања кои во моментов ја преокупираат БиХ“ и изразиле задовлство што неговата прва посета во странство по стапувањето на премиерската должност е токму на Сараево.
Тој нагалси дека со неговата посета на Сараево покажал дека добрите односи со БиХ и нејзинито приближување кон ЕУ ќе бидат „највисок надворешно политички приоритет на Хрватска“.
Пленковиќ потенцира дека во следниот период БиХ ја очекуваат крупни работи на полето на евроинтерграциите, потсетувајќи дека на почетокот на декември земјата се очекува да го добие Прашалникот од Европската комисија, која врз основа на одговрите ќе изработи мислење за подготвеноста на државата за членство во ЕУ.
Според Плнековиќ, Хрватска е подготвена да и ја понуди на БиХ сета помош и да и ги пренесе своите искуства во одговарањето на Прашалникот.
Покрај со претставници на државните власти, Пленковиќ имаше средби и со поглаварот на Исламската верска заедница на БиХ, Хусеин Кавазовиќ и со врхбосанскиот надбискуп, кардиналот Винко Пуљиќ.
Поцна попладнево Пленквиќ од Сараево ќе отпатува за Мостар, каде ќе има средби со локалните претставници на босанските Хрвати и ќе го посети католичкиот манастир „Свети Петар и Павле“.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
