Живот
22. March 2017 - 23:59

Плишан затвор: Детенце посака играчки па се заглави во апаратот

Тригодишно дете очајно сакало да дојде до плишана играчка, па се качил и влегол во апарат за да земе една.

Џими Бракен Марфи од ирскиот град Типерариј е така самиот, на некој начин , стана награда откако беше заробен внатре во апратот.

На снимката која се појави на социјалните мрежи се гледа дека детето е малку преплашено, но сепак задоволно што имало прилика да дојде до награда.

-Не бев ни малку збунет. Тој е немирно но паметно дете, кое постојано ги поместува границите, рече неговиот татко Џејмс. 

Детето во аквариумот со играчки поминало 10 минути пред да го извлечат од таму.