Македонија
18. September 2019 - 17:03

По бурните реакции, вицепремиерот Османи вели дека не ги надминал ингеренциите најави нов увид, овој пат во Тетово

 

Османи не вршел  инспекција, туку увид. Вицепремиерот за саботното возење се правдаше дека не излегол надвор од своите ингеренции. Ако  треба истото ќе го сторел повторно...Ќе одел и до Тетото за да провери дали на денот на ослободувањето на градот ќе се вее државното знаме. Тој тврди дека македонското  не е острането од седиштето на ДУИ.

Иако Османи негираше дека  во исто време и возел и зборувал на телефон  додека ги проверувал таблите,  сепак ќе си ја плати казната која ја заработи од МВР. На тоа додаде дека освен што предводи една кампања-за употреба на албанскиот и македонскиот јазик, би можел да биде промотор и на втора- за почитување на забраната за зборување на мобилен телефон додека се управува моторно возило.