Балкан
4. April 2016 - 12:43

По големата трагедија се огласи и свекорот на убиената пејачка

Таткото на Зоран, сопругот на убиената пејачка на Гранд, Јелена Марјановиќ, се огласи по големата трагедија која го шокираше регионот. Владимир Марјановиќ се огласи и кажа дека во ниеден момент не се посомневал во невиноста на неговиот син кој полицијата го држеше до утрово на испитувања.
 
- Тој не можел да ја убие Јелена, таа му беше најважна во животот. Не се посомневав во неговата невиност. Го приведоа на испитувања во најтешките моменти на животот, вели таткото.
 
Се надевам дека полицијата ќе ја одведе истрагата во друг правец и ќе го најде вистинскиот виновник.