Македонија
16. January 2017 - 15:33

По кратко боледување: Почина познатиот актер и режисер

Актерот, режисер и професор Сефедин Нуредини почина на 64-годишна возраст по кратко и тешко боледување.

Актерот кој зад себе остави над 70 театарски улоги во Албанската драма и на гостувања надвор од матичната сцена, има и забележани филмски улоги во ТВ-серијата „Трст виа Скопје“, „Прашина“, во „Татко“, дебитантскиот филм на неговата ќерка Шкипе Нуредини Дука, а има улога и во косовско-македонскиот филм кој е во постпродукција, "Даден збор".

Нуредини во кариерата беше директор на Албанската драма при Театарот на народностите, а еден период и генерален директор. Во средината на две илјадитите, беше две години директор на „Вардар филм“.

Колегите и семејството вчера во Театарот Комедија, каде што поради реновирање е сместен Албанскиот театар, вчера му оддадоа почит на Сефедин Нуредини.

Актерот Бајруш Мјаку изјави дека неговиот колега беше предводник на седмата уметност, а неговото заминување оставило празнина на сцената и на екраните на се-албанската кинематографија.

Тој беше еден од основачите на Факултетот за драмски уметности на Државниот универзитет во Тетово, но и добитник на бројни награди на голем број фестивали на театарот и филмот.