Балкан
27. March 2018 - 11:44

По линчот се појави во јавноста - еве како Марко Ѓуриќ изгледа по тортурата од албанските специјалци

Марко Ѓуриќ стигна на состаноткот во Преставништвото каде присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и политичкиот лидер на Србите од северно Косово откако вчера на Косовска Митровица и Приштина преживеа брутален линч од страна на специјалните едининици РОС.
 
На Ѓуриќ му била укажана помош во Куршумлија, а потоа во Клиничкиот центар во Белград. 
 
Се очекува темата да биде ситуацијата и сите последници од вчерашното случување на Косовска Митровица и Приштина, како претставниците на Србија  би донеле одлука дали да останат во косовската влада. 
 
Ова прашање било отворено вчера по бруталното апсење на директорот на Канцеларијата за КИМ Марко Ѓуриќ и линчот на кој го изложиле косовските специјалци вчера.