Фудбал
5. November 2015 - 10:15

По Меси се повреди и Ракитиќ

Повредата на Иван Ракитиќ во сенка ја фрли рутинската победа на Барселона над БАТЕ Борисов (3:0), во четвртото коло во Лигата на шампионите.
 
Ракитиќ по 20 минути игра побара да биде заменет, потоа веднаш заминал на преглед со магнетна резонанца. По натпреварот Барселона објави дека Ракитиќ има руптура на мускулот на десната потколеница.
 
Поради повредата Ракитиќ ќе ги пропушти двете контролни средби на Хрватска против Русија, а нема да игра ниту за Барселона на натпреварот со Виљареал, исто така неизвесен е неговиот настап на „Ел Калсико“ во Мадрид на 21.ноември.