Loading Video...
Ракомет
24. April 2020 - 16:47

По укинувањето на баражите, Македонија на СП само со „вајлд-карта“

ЕХФ денеска донесе заклучок дека не можат да се одржат натпревари во месец јуни и дека голем број од натпревари треба да бидат одложени или откажани. 
 
Меѓу нив се и предвидените квалификациски дуели, за пласман на Светското првенство што треба да се одигра догодина во Египет, а за кое  македонската машка репрезентација за противник во баражот требаше да ја има селекцијата на Франција. 
 
ЕХФ реши да ги откаже баражите за Мундијалот, за кој учесниците се одредуваа  според пласман на последното Европско првенство, на кое, македонските ракометари го освоија 15 место, односно завршија веднаш зад Франција. 
 
Последната надеж за продолжување на континуитетот на настапи на големите натпреварувања, нашите ракометари ќе ја чекаат во евентуалната „милост“ на Светската ракометна федерација(ИХФ). 
 
Имено ИХФ има можност да додели две вајл-карти, а за една од нив верувале или не прв фаворит репрезентацијата на САД.