Македонија
4. October 2022 - 10:21

По украдените бисти на Неделковски и Вапцаров украдена и бистата на Невена Георгиева – Дуња во Кисела Вода

По вчерашниот вандализам каде беа искршени и украдени бистите на Коле Неделковски и Никола Вапцаров од Градскиот парк во Скопје, искорната и украдена бистата на младата хероина Невена Георгиева – Дуња која се наоѓаше во дворот на училиштето коешто го носи нејзиното име во скопската општина Кисела Вода. Постаментот е оштетен а искршени се и плочките на коишто беше поставена бистата.

Бистата на хероината од Народноослободителната војна Невена Георгиева – Дуња беше поставена во декември 2019 година, по повод на одбележувањето на 55-годишнината од основањето на ова основно училиште. Се работеше за нова биста откако претходната беше, исто така, украдена во 2016 година.