Свет
20. September 2017 - 9:44

По земјотресот во Мексико, вулканот Попокатепетел еруптираше чад

Мексиканскиот вулкан Попокатепетел, кој се наоѓа во близина на главниот град Мексико Сити, еруптираше, исфрлајќи чад и пепел. Вулканот стана активен на 22 август, кога висината на исфрлениот пепел достигна четири километри.

Мексиканските сеизмолози, во моментов ја оценуваат ситуацијата со вулканот на „црвено ниво“ на тревога.

Во силниот земјотрес што го погоди Мексико, досега загинаа најмалку 224 лица.