Свет
6. November 2019 - 18:34

Победа на демократите во Вирџинија и Кентаки

Американските демократи победија во вторникот во Кентаки каде што републиканскиот гувернер не освои нов мандат, а обезбедија мнозинство во парламентот на сојузнада држава Вирџинија.

Исходите од изборите одржани во вторникот во четири сојузни држави, меѓу кои се и Мисисипи и Њу Џерси, бо можеле да бидат показатели за претстојните претседателски избори во ноември 2020 година на кои републиканскиот претседател Доналд Трамп ќе се обиде да го освои вториот мандат.

Во Кентаки демократот Енди Бешер, министер за правда во оваа сојузна држава чиј татко Стив Бешер беше последниот гувернер од Демократската партија во оваа држава, обезбеди тесна победа над републиканскиот гувернер Мет Бевин.

Во говорот во Лексингтон во понеделникот вечерта претседателот Доналд Трамп, кој во Кентаки на претседателските избори со 30 отсто освоени гласови ги обезбеди сите електорски гласови од оваа држава, им порачa на гласачите дека треба повторно да го изберат Бевин за „паметните да не кажат дека претседателот претрпел најголем пораза во историјата на светот“. Педесет и двегодишниот Бевин кампањата ја подигна на национално нови и му искажа поддршка на Трамп во моментот кога демократите во Конгресот ја водат истрагата во процесот за отповикување на републиканскиот претседател.

Иако пораз претставува удар за Трамп кој има популарност во Кентаки, за него можеби е повеќе заслужно губењето на реномето на Беви,. Анкетите покажаа дека Бевин е меѓу најнепопуларнтие гувернери откако се судри со наставниците и синдикатите.

Победата на Бешер би можела да ги зајакне во моментов малите шанси на демократите да го соборат лидерот на мнозинството во Сенатот, републиканецот Мич Мекконел од Кентаки чиј мандат истекува следната година и се подготвува повторно да го освои на избори.

Демократите во вторникот освоија мнозинство во двата дома на парламентот на сојузната држава Вирџинија во кој десега владеа републиканците со тесно мнозинство. Тоа ѝ дава на партијата првпат по 25 години полна контрола над парламентот во оваа сојузна држава, со што продолжи трендот на добри резултати на демократите во предградијата каде изборите се традиционално неизвесни исходи.

Во Мисиспи републиканскиот политичар и заменик гувернер Тејт Ривс го порази министерот за правда на оваа сојузна држава Џим Худ, умерен деморкат кој го поддржува правото на носење оружје и се противи на правото на абортус.

Како и Бевин, и Ривс водеше кампара како голем поборник на Трамп во државата во која републиканецот надмоќно победи во 2016 година. Трамп го поддржа Ривс со учество на негов предизборен собир минатата седмица.

Во сојузната држава Њу Џерси очекува дека демократите ќе го задржат мнозинството во тамошниот парламент.

Најмногу интерес привлекоа изборите во Вирџинија во која партиите вложија најмногу пари во предизборните кампања. Поранешниот потпретседател Џо Бајден, кој е фаворите за номинацијата на демократите, ја мина Вирџинија минатата седмица и поддржа на предизборните собири неколку кандидати за парламентот, а републиканскиот потпретседател Мај Пенс одржа собир во саботата. И другите кандидати за демократската претседателска номинација,како сенаторките Елизабет Ворен, Камал Харис, Ејми Клобучар и Кори Букер, исто така, учествуваа во кмапањата на демократските избори.