Loading Video...
Ракомет
29. November 2017 - 12:52

Победи на Вардар и Металург во СЕХА лигата

Максимален ефект на македонските претставници во регионалната ракометна лига. Вардар и Металург забележаа победи во натпреварите од 8.коло на СЕХА лигата. 

Европскиот и актуелен СЕХА првак, Вардар ја оствари и осмата победа во ова натпреварување откако синоќа на гостувањето во Хрватска го совлада Нексе со 30-21. 

Црвено-црните во вторник ќе го играат следниот меч во оваа конкуренција кога во Скопје ќе гостува последно пласираната Војводина, додека претходно сабота (17.30 часот) против Кристијанштад во Јане Сандански ќе го одиграат последниот меч за оваа календарска година во елитната Лига на шампиони. Со овој триумф Вардар стана и првиот тим во СЕХА лигата  кој има остварено 100 победи

По долг пост од осум меча без триумф во двете натпреварувања, конечно и ракометарите на Металург се радуваа на победа. До својата трета победа во СЕХА конкуренцијата тимот од Автокоманда стигна пред својата публика во дуелот против Татран Прешов кој го совлада со 31-30. 

Во следното коло на 6 декември металург ќе гостува во Словенија кај Целје, додека в сабота (21 часот) во Португалија против Спортинг Лисабон ќе го одигра последниот меч во Лигата на шампионите.