Џет-Сет
28. January 2016 - 10:23

Почина Блек, кантавторот на хитот од 80-те „Wonderful Life“

Музичарот од Ливерпул, Колин Вернкомб (53), кој е познат под уметничкото име Блек, почина синоќа откако последните два дена ги мина во кома по тешката сообраќајна несреќа.

Блек ја загуби битката, наведено е на неговиот Фејсбук профил, при што се додадва дека крај неговата болничка постела цело време биле сопругата Камила и трите сина.

Несреќата се случи кога Блек возел од неговиот дом во Скул кон аеродромот во Единбург.

Блек се прослави во 80-тите години на минатиот век со хитовите „Wonderful Life“,  „Sweetest Smile“ и „Everything's Coming Up Roses“. Тој издаде 15 албуми, објави книги со поезија и имаше неколку изложби на сопствени фотографии. Повеќе од десет години живееше и работеше во Ирска.